Ќе расте цената на темното чоколадо
Корисниците од Калифорнија до Швајцарија се повеќе се привлечени од црното чоколадо, заведени од вкусот и здравите состојки на какаото . Побарувачката сепак ги покачи цените на шеќерните производи. Цената на еден килограм чоколадо во САД се очекува да достигне рекордни 12.25 долари оваа година , зголемувајќи се за 45% во споредба со 2007 година , според истражувањето на пазарот на Euromonitor International, пишува The Wall Street Journal.
Цените се зголемуваат како резултат на недостигот на зрната какао, основна суровина за производство на чоколадо. Пазарните експерти проценуваат дека испораките ќе се намалат оваа година за прв пат од 2010 година, а сувото време се очекува да и наштети на следната жетва во Западна Африка, каде се произведуваат 70% од какао зрната.
Падот на испораките се појави токму кога Американците и Европејците купуваат повеќе чоколадо, особено темните видови . Темно чоколадо често бара повеќе какао зрна од млечното чоколадо , што значи дека дури и мали промени во пазарните трендови може да имаат големо влијание врз пазарот на чоколада, кој во САД се проценува на 5,4 милијарди долари.
Цените на какаото се зголемија за 21% во третиот квартал. Големите профити од потрошувачката на пазарите како што се Бразил , исто така, ја качуваат цената.
„Враќањето на довербата на потрошувачите овозможува да купуваат малку повеќе од премиум брендови чоколадо, “вели Џонатан Паркман , шеф на одделот за земјоделството во Marex Spectron. Оваа година во САД чоколадната потрошувачка се очекува да се зголеми за прв пат од 2008 година , според Euromonitor . Побарувачката во Западна Европа расте четврта година по ред .
Слично
