Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе растат цените за хана до 40 проценти!

Ќе растат цените за хана до 40 проценти!
Владите треба да ги поттикнат инвестициите за земјоделско производство, бидејќи растот на глобалната побарувачка на храна ќе ги зголеми цените за 10 до 40 проценти во следната деценија,  предвидуваат Организацијата на Обединети нации за храна и земјоделство (ФАО) и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Економистот Мерит Клуф од ФАО наведува дека забавува растот на производството и продуктивноста и дека владите треба да изнајдат начини за да им овозможат на земјоделците пристап до технологијата, за да се зголеми производството. Во заедничкиот извештај на ФАО и ОЕЦД под име „Земјоделска прогноза 2013-2022“ се истакнува дека цените на прехрамбените продукти во следната деценија ќе пораснат од 10 до 40 отсто, при што цената на месото ќе расте побрзо, а на житарките побавно. Еш додаде дека растот на цените најмногу ќе влијае во земјите врз развој, каде некои семејства трошат и до 60 проценти од приходите на храна. Влијание на цените имаат и факторите што предизвикуваат се побавен раст на земјоделските производи се‘ помалкуте плодни површини, поскапото производство и проблемите со климата. Ако во измината деценија сточарството и земјоделството забележаа пораст од 2,1%, во наредната деценија порастот ќе се намали на 1,5% годишно. Цените на месото, рибата и био-горивата, според ОЕЦД и ФАО, ќе се зголемуваат повеќе од цените на примарните земјоделски производи. Сепак, според проценката на експертите, не би требало да се појави проблем со недостиг на храна. Производството ќе одговори на потрошувачката, но периодите кога запира производството, лабилните цени и пречките во снабдувањето, можат краткорочно многу да влијаат врз порастот на цените. Исто така појава на суша на големи површини, како што имаше во 2012 година, може да ги зголеми цените за 15 до 40 проценти, предупредуваат експертите.  
Слично

Поврзани вести