Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ПРАВАТ ЛЕСЕН ТЕНК: Русија и Индија договараат соработка

ЌЕ ПРАВАТ ЛЕСЕН ТЕНК: Русија и Индија договараат соработка

Русија сака заедно со Индија да прават лесен тенк.

Рускиот одбранбен концерн „Рособоронекспорт“ на Индија ќе предложи проект за производство на лесен тенк со вклучување на локални партнери. Веста ја потврди шефот на компанијата Александар Михејев.

„Во моментов успешно соработуваме со индиски државни и приватни претпријатија, учествувајќи заедно на тендерите на Министерството за одбрана на Индија, земајќи ги предвид сите барања за локализација на производството. Планираме заедно со нашите партнери да предложиме лесен тенк кој заеднички ќе се развива на технолошката база што постои во Русија и Индија“, рече Микеев.

Компанијата во моментов разговара со партнери од целиот свет за неколку проекти за соработка во рамките на заедничкиот развој и производство на мало оружје, оклопни возила, авијација и муниција, пренесува Спутник.

Договор за соработка има и со Унгарија. Оваа држава и руската нуклеарна компанија „Росатом“ се договорија за временската рамка за долго планираното проширување на нуклеарната централа Пакс. Русија повеќе од 20 месеци војува во Украина. 

Фото EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Слично

Поврзани вести