Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе поскапуваат билетите за авионски летови, растат таксите за багаж

Ќе поскапуваат билетите за авионски летови, растат таксите за багаж
Бидејќи оние кои често патуваа со авион се навикнаа дополнително да плаќаат за багаж, голем број авиокомпании веќе размислуваат за нови давачки во овој дел и уште вонредни трошоци за клиентите, се наведува во анализата на „MarketWatch“ за американскиот пазар. Практично 2012 година беше рекордна од приходите од вонредни такси: американските авиокомпании собрале неверојатни 6,03 милијарди долари од такси за багаж и за промена на резервацијата, а според најавите, оваа сума ќе продолжи да се зголемува и во 2013 година. „Ќе бидеме сведоци на уште повисоки и повисоки такси и на нови видови такси", тврди Џорџ Хоубика, основач на „AirfareWatchdog.com“. „Delta Air Lines“ ги остави далеку зад себе  традиционалните конкуренти и помалите авиопревозници во однос на надоместоците за багаж, признавајќи приход во износ од неверојатни 866 милиони долари. „United Airlines“ го зазема второто место со 706 милиони долари. „American Airlines“, повлече 557 милиони долари, а „US Airways“ е на четвртото место во оваа листа со 516 милиони долари. Што се однесува до надоместоците за откажан лет, во 2012 година „Delta“ повторно е прва со 778 милиони долари, додека „United Airlines“ прибраа 518 милиони долари, а „US Airways“ - 298 милиони долари. Овие надоместоци, веќе беа зголемени - минатиот месец „United Airlines“ ги крена до 200 долари од дотогашните 150. Набрзо ја следеа и останатите компании. Со тоа клиентите почнаа да се откажуваат до можноста за промена на резервацијата или откажување од патувањето. Ако ги купите билет со попуст за 200 долари и сакате да го смените , тоа ќе ве чини уште 200 долари. Во меѓувреме „Frontier Airlines“ воведе нови такси за кои се надева дека ќе бидат прифатени и од останатите авиокомпании, на тој начин на патниците едноставно ќе им се наметне да се помират со ситуацијата. Засега останатите чекаат. Од почетокот на летото „Frontier Airlines“ ќе бара патниците кои купиле билети преку друга компанија, да плаќаат такси за рачен багаж во вредност до 100 долари. Целта е да се натераат патниците да ги избегнат компаниите како „Expedia“, „Kayak“ или „Hotwire“ кои нудат билети со онлајн попуст , но без да им дадат процент туристичките агенти. Експерти од воздухопловната индустрија очекуваат авиопревозниците повторно да ги зголемат давачките за багаж, но во овој момент главно тие изнесуваат 25 долари за првата торба. Според „AirfareWatchdog.com“ втората торба е онаа која може да ве чини многу скапо во зависност од тоа каде сте се упатиле.
Слично

Поврзани вести