Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ „ПАДНЕ“ ВО РАЦЕТЕ НА ИЗРАЕЛЦИТЕ: Водачот на Хамас е опколен во бункер во Газа

ЌЕ „ПАДНЕ“ ВО РАЦЕТЕ НА ИЗРАЕЛЦИТЕ: Водачот на Хамас е опколен во бункер во Газа

Лидерот на Хамас, Јахја Синвар e опколен во бункерот во Газа. Ова го тврди Израел. 

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан потврди дека израелските сили (ИД) се во срцето на градот Газа и дека лидерот на Хамас е опколен во бункер.

Министерот не прецизираше каде се наоѓа бункерот, но претходно денеска изјави дека ИДФ „се бори во срцето на градот Газа“.

„Израел нема да владее со Газа по војната, а нема ни Хамас. Израелските војници ги елиминираат терористите, откриваат тунели, уништуваат оружје и продолжуваат да напредуваат во центарот на непријателот“, рече Галан.

Во Газа досега загинаа над 10.000 Палестинци. Хамас на 7 октомври почна со напади на Израел, а сега Израел сака целосно да ја елиминира терористичката група. 

foto EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Слично

Поврзани вести