Ќе оди ли Трамп во Давос?
Поради немањето разбирање на демократите по прашањето на граничната безбедност и големото значење што тоа ја има за безбедноста на земјата, го откажувам патувањето во Давос, Швајцарија, на Светскиот економски форум, напиша американскиот преседател Доналд Трамп на Твитер.
Форумот во Давос се одржува од 22 до 25 јануари. Жестокиот судир околу буџетот помеѓу Претседателот и опозициските демократи од 22 декември ги парализира сојузните институции, музеи и други јавни установи во САД.
САД се на пат кон најдолгата блокада на буџетот, т.н. „шатдаун“, во својата историја. Доколку блокадата продолжи и по денешниот ден, тогаш ќе биде соборен рекордот од 1996 година, во времето на Бил Клинтон
Слично
