Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЌЕ НИ ПЛАТИТЕ. НЕМА ДА ЗАБОРАВИМЕ И ПРОСТИМЕ“-Бајден се заканува по нападот во Кабул каде загинаа американски војници, Талибанците со нова порака

„ЌЕ НИ ПЛАТИТЕ. НЕМА ДА ЗАБОРАВИМЕ И ПРОСТИМЕ“-Бајден се заканува по нападот во Кабул каде загинаа американски војници, Талибанците со нова порака

Бајден ѝ се обрати на нацијата по серијата напади во Кабул, во кои загинаа најмалку 60 луѓе - вклучително и 12 американски маринци.

Американскиот претседател Џозеф Бајден, по серијата експлозии во близина на аеродромот во Кабул, рече дека одговорните за нападите ќе платат. Тој, исто така, рече дека наредил напади врз ИСИС. Претседателот на САД најави дека, доколку е потребно, ќе одобри распоредување дополнителни воени сили во Авганистан.

Бајден и се обрати на нацијата по серијата напади во Кабул, во кои загинаа најмалку 60 луѓе - вклучително и 12 американски маринци. Тој ги нарече загинатите војници херои.

„Оние што ги извршија овие напади треба да се сетат - нема да заборавиме, нема да простиме. Ќе ни платите", нагласи претседателот на САД и посочи дека тој ги наредил нападите врз ИСИС.

Бајден наведува дека разузнавањето проценува дека нападите биле извршени од Исламската држава Корасан.

Претседателот на САД, исто така, рече дека САД ќе ја продолжат евакуацијата и ќе ја завршат својата мисија, како и дека терористите нема да ги попречуваат. Џозеф Бајден рече дека, доколку е потребно, ќе одобри распоредување дополнителни воени сили во Авганистан. Тој, исто така, изјави дека нема докази дека Талибан и ИСИС се во договори.

Претседателот на Соединетите држави спомена дека не смета дека е погрешно САД да се потпираат на помошта на Талибанците при евакуацијата на американскиот персонал од Авганистан. Тој додаде дека американската војска повремено им доставувала на Талибанците информации за тоа кои групи луѓе се обидуваат да се евакуираат.

Бајден, исто така, посочи дека е во интерес на Талибанците американските сили да го напуштат Авганистан навреме и според планираното. Претседателот на САД рече дека ќе се обиде да продолжи со евакуација на Авганистанците кои им помогнаа на САД и дека ќе се држи до својата одлука за повлекување на војниците.

Нова порака од Талибанците

 Најмалку 28 припадници на талибанците загинаа во бомбашки напади на аеродромот во Кабул, изјави талибански претставник.

„Изгубивме повеќе луѓе отколку Американците“, изјави талибански претставник за Ројтерс, додавајќи дека Талибанците „не се одговорни за хаотичниот план за евакуација што го смислија странски држави“.

И покрај тоа, вели тој, нема потреба САД да го продолжат рокот што истекува на 31 август со цел да се заврши евакуацијата и повлекувањето.

Најмалку 13 американски војници и 90 цивили загинаа синоќа во две експлозии пред аеродромот во Кабул. Одговорноста за нападите ја презеде огранок на екстремистичката група Исламска држава.

Западните земји стравуваат дека Талибанците, кои некогаш му обезбедија засолниште на водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, ќе дозволат Авганистан повторно да се претвори во прибежиште на милитантите. Талибанците, пак, велат дека нема да дозволат земјата да ја користат терористите.

Терористичката организација ИД-К, која е одговорна за најновите напади, првично беше присутна во областа на границата со Пакистан, но воспостави уште еден фронт на северот на земјата.


Фото: YOUTUBE/CNBC


Слично

Поврзани вести