Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе нема ограничувања, Шведска ги укинува скоро сите мерки

Ќе нема ограничувања, Шведска ги укинува скоро сите мерки

Шведска месецов ги укинува скоро сите мерки за заштита од коронавирусот. 

На 29 септември земјата ги укинува речиси сите епидемиолошки мерки поради високата стапка на имунизација на населението и ниската стапка на смртност. Веќе ќе нема ограничување за бројот на учесници на јавните собири. Шведска во последните две седмици има трета најниска стапка на смртност од ковид во Европа, зад Лихтенштајн и Словачка, а таквата состојба трае од почетокот на летото. До 7 септември во Шведска две дози вакцини примиле 70 проценти од возрасното население, а вкупно 81,6 проценти од граѓаните постари од 18 години примиле барем една доза.

Слично

Поврзани вести