Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ МОРА ДА НОСИ ЕЛЕКТРОНСКА РАКАВИЦА, НО БАРЕМ ЌЕ ОДИ ДОМА - Ева Каили доби домашен притвор

ЌЕ МОРА ДА НОСИ ЕЛЕКТРОНСКА РАКАВИЦА, НО БАРЕМ ЌЕ ОДИ ДОМА - Ева Каили доби домашен притвор

Белгискиот суд одлучи во средата да ја ослободи поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили, последната осомничена која се уште е во притвор во очекување на тековната корупциска истрага позната како „Катаргејт“, и да ја стави во домашен притвор, каде што ќе биде под електронски надзор.

„Ева Каили излегува од затвор и е ставена во домашен притвор во Белгија, каде што ќе биде под електронски надзор“, изјави за АФП Антон Шутсаерт, судија во белгиското федерално обвинителство.

Одлуката ја донел истражниот судија Мичел Клејс.

Грчката социјалистичка парламентарка „најверојатно ќе биде ослободена во петок или најдоцна во понеделник“, изјави нејзиниот адвокат Свен Мери за Франс прес, бидејќи поставувањето на кауцијата бара „административна подготовка“, пишува „Јутарњи лист“.

Деновиве белгискиот суд одлучи белгискиот европратеник Марк Тарабела и поранешниот италијански европратеник Антонио Панцери, другите двајца главни осомничени во скандалот Катаргејт што го потресе Европскиот парламент, да носат електронска нараквица.

Каили е осомничена дека повеќе години посредувала за странски земји, вклучително и за Катар, во одлуките на Европскиот парламент, за што добивала пари.

Каили, која има 44 години и е мајка на двегодишна ќерка, беше разрешена од функцијата потпретседател на ЕП во средината на декември.

„Четири и пол месеци тврди дека не е виновна. Истрагата се уште не е завршена“, изјави Свен Мери, кој забележува дека тој и неговиот клиент се подготвени да одговорат на „сите прашања“ на истражителите.

Слично

Поврзани вести