Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ КУПАТ НОВИ БРОДОВИ: Данската влада размислува за зголемување на военото присуство на Гренланд

ЌЕ КУПАТ НОВИ БРОДОВИ: Данската влада размислува за зголемување на военото присуство на Гренланд

Данската влада размислува за зголемување на военото присуство на Гренланд. 

Владата предложи купување на два нови брода за истражување на Арктикот и зголемување на бројот на патроли со санки за кучиња за да го зајакне своето воено присуство на островот. 

Предложи и надградба на аеродромот во Кангерлусуак, поранешна американска воена база во западен Гренланд, за да можат таму да бидат распоредени борбени авиони Ф35, пренесува Ројтерс.

Данска веќе одвои 400 милиони долари за зајакнување на активностите за надзор и разузнавање во Арктикот и северните делови на Атлантскиот Океан со помош на дронови со долг дострел.

Претходно неделава, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека САД сакаат да ја преземат контролата врз територијата на Гренланд, која е дел од Данска.

Гренландскиот премиер Муте Егеде, кој се залага за нејзина независност, рече дека Гренланд мора да остане обединет.

foto Wikipedia/Oliver Schauf

Слично

Поврзани вести