Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ЈА ОTСТРАНАТ КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА: Maла земја сака да расчисти со своето колонијално минато

ЌЕ ЈА ОTСТРАНАТ КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА: Maла земја сака да расчисти со своето колонијално минато

Барбадос сака да ја отстрани британската кралица Елизабета од чело на државата и да стане република. 

Информацијата ја соопшти владата на таа карипска држава, објави Ројтерс.

Барбадос до 1966 година беше британска колонија, а кога се стекна со независност, ја задржа официјална врска со британската монархија, како и некои други земји кои некогаш биле дел од британската империја.

Гувернерката на Барбадос, Сандра Мејсон, во говорот во име на премиерката Миjа Мoтли, изјави дека е време Барбадос целосно да го напушти колонијалното минато.

„Жителите на чело на државата сакаат да видат некој од Барбадос. Тоа е краен израз на доверба во тоа кои сме и што можеме да постигнеме. Затоа, Барбадос ќе го направи следниот логичен чекор кон целосен суверенитет и до 55-годишнината од независноста ќе стане република“, рече гувернерката Мејсон.

Европската доминација врз островот започнала уште од 1492 година кога краток период бил по шпанска контрола, а подоцна и под португалска[3]. Покасно, Брабадос станал колонија на Велика Британија. 

Островот има помалку од 300.000 жители. 

Слично

Поврзани вести