Ќе имаме пеколно топло лето
Се очекува пеколно топло лето.
Метеоролозите Тајлер Ројс и Алан Реперт веруваат дека ова лето може да биде потопло од вообичаено. Топло ќе биде во Германија, Франција, но и на Балканот.
Јужниот дел на Европа го очекува рекордна жештина, со невреме, информираат метеоролозите од светот. Градовите низ Балканот годинава може да очекуваат повеќе денови со температури над 32 Целзиусови степени. Ова лето може да биде многу потопло во однос на претходните години за голем дел од континентот. За годинава метеоролозите на „Акуведер“ предвидуваат дека температурите ќе надминат 32 степени меѓу 31 и 38 дена во Букурешт и меѓу 55 и 63 дена во Атина. Топлите периоди ќе бидат придружени со суши, иако годинава се очекува да бидат поблаги од 2021 година.
Лани летово во Гевгелија беа измерени 44 степени.
