ШПАНИЈА ЌЕ ИМА ВТОРА ШАНСА: Санчез не успеа од прва да формира коалициона влада
Водачот на шпанските социјалисти Педро Санчез не успеал денеска од прв обид да добие поддршка од Парламентот за формирање на влада.
Тој во наредните два дена би требало да обезбеди поддршка со цел завршување на осуммесечната политичка блокада.
Санчез за формирањето на владата има потреба од апсолутно мнозинство од ајмалку 176 гласови во парламентот, кој брои 350 места.
На второто гласање во вторник, 7 јануари, на Санчез ќе му треба просто мнозинство.
Се очекува Санчез да добие поддршка, бидејќи се осигурал дека 13 пратеници од најголемата каталонска сепаратистичка партија ЕРЦ ќе бидат воздржани при гласањето.
Санчез е вршител на должноста премиер, бидејќи изборите во април и неомври не донесоа јасен резултат.
Слично
