ЌЕ ИМА УШТЕ СОЛЗИ, КРВ И БОЛКА: Украинскиот министер за одбрана за отпорот
Пред нас имаме уште многу предизвици. Ќе има крв, солзи, болка. Но сега, повеќе од кога било, ги имаме сите причини да бидеме сигурни во себе. И во оние кои се покрај нас, изјави украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников.
„Порано не ни размислував колку часа има во една недела.Се испостави - 168. 168 часа. Украина веќе цела недела им дава отпор на руските окупатори. Никој. Сфатете го ова. Никој. Ниту во Русија ниту на Запад не веруваше дека ќе издржиме една недела.
Единствените што веруваа бевме ние. До 24 февруари, две третини од Украинците беа убедени дека во случај на руска инвазија од големи размери, ќе издржиме.
Денес тој број изнесува речиси 90 отсто изјави Резников.
Рече дека тоа е резултат на херојството на нивните бранители и бранителки.
„Би сакал лично да ги истакнам шефовите на воените и цивилните администрации и градоначалниците кои денес се во првите редови на одбранбената линија. Чернигив, Суми, Конотоп, Харков, Мариупол, Херсон, Миколајив се тврдините на Европа.
Нашата армија веќе уништи илјадници окупатори. И толку многу непријателска опрема што би било можно да се вооружат армиите на неколку земји, вели Резников
Додаде дека можностите на вооружените сили растат, а помошта доаѓа.
„Вчера ги повикав граѓаните на целосен отпор. Треба да ги уништиме комуникациите на непријателот. Тоа се метастазите што тој се обидува да ги прошири низ нашата земја. Руските окупатори се исплашија од срамен пораз и почнаа да вршат злосторства против човештвото. Тие гранатираат болници, убиваат жени и деца. Ова веќе не е армија - тоа се обични кукавици и терористи. Пред нас имаме уште многу предизвици. Ќе има крв, солзи, болка. Но сега, повеќе од кога било, ги имаме сите причини да бидеме сигурни во себе. И во оние кои се покрај нас, вели Резников.
Фото EPA/PAWEL SUPERNAK
