ЌЕ ИМА НОВИ ПАНДЕМИИ, ОВАА НЕ Е ПОСЛЕДНА: Гутереш го подготвува светот
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш вели дека пандемијата Ковид 19 нема да биде последна и го повика светот да се подготви за нови пандемии.
По повод Меѓународниот ден за подготвеност за епидемии, Антонио Гутереш на Твитер напиша дека како што реагираме на ова, така треба да се подготвиме за следната пандемија.
„На овој Меѓународен ден против епидемијата, да се фокусираме на ова прашање, вниманието и инвестициите што ги заслужува“, рече Гутереш.
Слично
