ЌЕ ИМА НОВ ЧЕТВРТИ БРАН, АКО НЕ СМЕ ДИСЦИПЛИНИРАНИ: СЗО предупредува на уште еден ризик поради делта сојот
По повеќе од два
месеца, односно по цели 10 недели,кога имаше пад на инфекцијата, сега повторно
се зголемува бројот на новозаразени лица во Европа, заради што Светската
здравствена организација предупредува на ризик од нов четври бран на корона вирусот.
Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге вели дека тоа дефинитивно може да се случи ако граѓаните не останат дисциплинирани.
-Минатата недела, бројот на случаи се зголеми за 10 проценти како резултат на зголеменото мешање, патувања, собири и олеснување на социјалните ограничувања, рече Клуге.
Инаку, според СЗО, зголемувањето на бројот на новозаразени се должи ма поинтензивните патувања и поради олабавување на некои анти-ковид мерки од страна на земјите.
-Таквата состојба се случува додека се шири нов, загрижувачки делта сој на вирусот. И покрај напорите на државите, неколку милиони луѓе сè уште не се вакцинирани“, рече Клуге.
