Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има ли смена на Шојгу и Герасимов?

Ќе има ли смена на Шојгу и Герасимов?

Можни се промени кај руските кадри кои раководат со војната во Украина. 

Тврдокорните членови на рускиот безбедносен апарат и понатаму се за разрешување на актуелниот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов, објави Блумберг, повикувајќи се на пет неименувани извори „запознаени со ситуацијата“.

Фракцијата поддржува воведување целосна мобилизација и воена состојба во Русија. Засега нема индикации дека рускиот претседател Путин ќе преземе такви чекори, наведува Блумберг, пренесе Киев Индепендент. 

Според весникот, руската елита била згрозена од слабиот одговор на Путин на бунтот на платеничката група „Вагнер“ и нејзиниот шеф Евгениј Пригожин.

Притворот на Игор „Стрелков“ Гиркин, руски воен злосторник и поранешен командант на руските сили во окупираниот Доњецк, на 21 јули уште повеќе ги подгреа тензиите.

Пред да биде уапсен, Гиркин на Телеграм напиша дека Русија „нема да преживее уште шест години од власта на оваа бескорисна кукавица“, алудирајќи на Путин.

Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. Украина и натаму довива оружје од западните партнери. 

Фото EPA-EFE/GAVRIIL GRIGOROV/SPUTNIK/KREMLIN

Слично

Поврзани вести