Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има ли реакција од Москва? Украина го суспендира плаќањето за рускиот гас

Ќе има ли реакција од Москва? Украина го суспендира плаќањето за рускиот гас
Украинската државна компанија „Нафтогаз“ престана со исплаќање на долгот за досегашните испораки на руски гас додека не завршат преговорите за цената на енергенсот, објави директорот на украинската компанија Андреј Коболев. „Обврската за плаќање на долгот е директно поврзана со условот цената на гасот да остане иста како што ја договоривме за првиот квартал. Не гледаме зошто цената треба да се менува. Цена од речиси 500 долари за 1000 метри кубни гас не е ниту пазарна, ниту праведна, ниту прифатлива“, рекол Коболев. Русија ја зголеми цената на гасот за Украина од 268 на 485 долари за 1000 метри кубни, со образложение дека поскапувањето се должи на фактот што Украина доцни во исплатата на долгот. Киев веќе престана да точи гас по оваа цена и бара враќање на старата тарифа. Рускиот претседател Владимир Путин упати предупредувачко писмо до европските земји дека недоразбирањата со Украина можат да предизвикаат проблеми во снабдувањето и на Европа, со оглед на тоа што рускиот гас на патот кон европските земји поминува низ украинска територија.
Слично

Поврзани вести