Ќе има ли промени во составот на Европската комисија?
На овој начин изборите за ЕП ќе станат многу важни, сметаат од парламентарната комисија за институциите
Лидерите на ЕУ мора да се усогласат многу повеќе со изборот на европските граѓани, повика парламентарната институционална комисија на Европскиот парламент.
Таа побара претседателот на Европската комисија, која ќе биде составена по изборите во мај, не само да биде претставник на партијата која ќе победи, но и да биде избран меѓу новоизбраните европски пратеници.
Голем дел од комесарите исто така може да бидат избрани од составот на Европскиот парламент, коментираат уште претставниците на комисијата.
На овој начин ќе биде гарантирана застапеноста на ЕК, вели известувачот Паоло Ранхел, пратеник од ЕПП од Португалија. Така и изборите за Европскиот парламент ќе се здобијат со поголема тежина, додава тој.
Предлогот беше речиси едногласно поддржан од членовите на комисијата - 18 гласаа "за", четворица беа „против“, а еден се воздржа.
Со усвојувањето на Договорот од Лисабон европските пратеници имаат многу поголемо значење при изборот на составот на Европската комисија и на нејзиниот претседател.
На чело на ЕК застанува кандидат предложен од Европскиот совет (лидерите на земјите од заедницата) . Тој, сепак, потоа треба да добие одобрение од Европскиот парламент. Ако ја прескокне оваа пречка , тој нуди состав на својата комисија. Во неа учествуваат претставници од секоја земја во ЕУ , на кои се доделуваат различни ресори.
Комесарите се сослушуваат во ЕП и потоа се одобруваат со квалификувано мнозинство од Советот на министри и од ЕП .
K.K.
Слично
