Ќе има ли примирје во Сирија пред Нова година?
Турција сака да наметне примирје во Сирија пред Нова година.
Турција се стреми да воспостави примирје во Сирија пред Нова година, изјави турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу.
Тој додаде дека Анкара не би водела преговори со сирискиот претседател Башар Асад, пренесоа агенциите.
Турција вчера изјави дека заедно со Русија подготвиле договор за прекин на огнот во Сирија, но не откри детали.
Чавушоглу наведе во интервју за телевизијата „Хабер" дека Турција и Русија имаат намера да бидат гаранти на почитувањето на примирјето.
Слично
