Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има ли поделба на Блискиот Исток?

Ќе има ли поделба на Блискиот Исток?

Западните земји планираат да го поделат Блискиот Исток и да ја разбијат Сирија.

Ова го тврди рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. 

„Во западните земји доминираат изјави за поддршка на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Сирија, но тоа се само празни зборови, кои, по се изгледа, треба да послужат како маска на плановите за поделба на Блискиот Исток и Сирија“- изјави Лавров за време на состанокот за Сирија со министрите за надворешни работи на Турција и Иран, Мевлут Чавушоглу и Мохамад Џавад Зариф.

Тој изрази уверување дека Русија, Турција и Иран се искрено заинтересирани за зачувување на целовитоста на Сирија, каде што етничките и религиозните групи имаат еднакви права и можат да живеат во мир меѓу себе и со своите соседи.

„Неопходно е да им се помогне на Сиријците да го завршат чистењето на земјата од терористи и сите ние и помагаме на сириската влада да подигне мостови на национално помирување и да го обнови срушеното“- рече Лавров.

Тој ги нарече неприфатливи обидите за дестабилизација на ситуацијата во Сирија.

Вели дека тоа би било создавање линии на поделба во Сирија, а тие се спротивставуваат на тоа. 

Слично

Поврзани вести