Ќе има ли намалување на даноците во Франција?
Можност за намалување на даноците во 2016 година, најави Францускиот министер за буџет Бернар Казнев.
„Се наоѓаме во преоден период, кој ќе ни овозможи, благодарение на заштедите, да ги намалиме даноците од 2016 година“, изјави Казнев.
Оваа изјава на францускиот министер следеше три дена откако беше одржана конференцијата за новинари на францускиот претседател Франсоа Оланд кој во таа прилика изрази противење за дополнителното зголемување на даноците за француските домаќинства.
Француската влада уште од ноември минатата година расправа за намалување на даноците во 2017 година, по стабилизацијата на даноците и социјалните придонеси.
Слично
