Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има и трета рунда разговори меѓу Украина и Русија

Ќе има и трета рунда разговори меѓу Украина и Русија

Третата рунда од преговорите меѓу Русија и Украина, ќе се одржи викендов. 

Претседателот на Русија, Владимир Путин во телефонски разговор ова му го кажал на германскиот канцелар, Олаф Шолц. Шолц ја повикал Русија итно да ги прекине сите непријателства и да обезбеди хуманитарен пристап до областите погодени од војната.

Путин го повторил ставот дека е подготвен да разговара за крај на воените дејствија во Украина, ако се исполнат неговите услови, а тоа се неутрален и ненуклеарен статус на Украина, демилитаризација, признавање на суверенитетот на ДНР и ЛНР и признавање на рускиот Крим.

На правата рунда не беше договорено ништо, а на втората е договорено да има коридори за излез на цивили. Тоа денес и се реализира во два града. 

Слично

Поврзани вести