ЌЕ ГРАДИМЕ МОРСКИ ВЕТРОЕЛЕКТРАНИ - Германија и САД стартуваат во ново производство на струја, 30 гигавати до 2030 година
Енергетското партнерство меѓу Германија и САД вклучува проширување на производството на електрична енергија од ветер на море и соработка во користењето на водород во индустриското производство, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек, пренесува Ројтерс.
„Партнерството особено се однесува на ветерни електрани на море. Соединетите Држави планираат да изградат ветерни електрани на море со ист размер како Германија, со капацитет од 30 гигавати до 2030 година“, изјави тој за новинарите заедно со американскиот претставник за климата Џон Кери на маргините на состанокот на Г7 во Берлин.
Фото: EPA/JDI
Слично
