Ќе го населуваат Марс: Кина ја организира првата мисија во 2033 година, потоа редовни летови
Кина има намера да ја испрати својата прва мисија со екипаж на Марс во 2033 година, по што ќе следат редовни летови, стратегија во согласност со долгорочниот план за изградба на трајно населена база на Црвената планета и искористување на нејзините ресурси.
Амбициозниот план, кој ќе го интензивира натпреварот со Соединетите американски држави во населувањето луѓе на Марс, беше откриен во детали за прв пат откако Кина слета роботски ровер на Марс во средината на мај, во својата инаугуративна мисија на планетата, објави Ројтерс .
Лансирањата на Марс со екипаж се планирани за 2033, 2035, 2037, 2041 и понатаму, изјави неодамна шефот на главниот кинески производител на ракети Ванг Ксијаојун преку видео врска на конференција за истражување на вселената во Русија.
