ЌЕ ГО КОРИСТИМЕ СЕТО ОРУЖЈЕ, ПА И НУКЛЕАРНОТО: САД со дециден став за да ги заштити сојузниците
Заменик-државниот
секретар на САД, Венди Шерман, предупреди дека САД ќе го искористат целиот свој
вооружен потенцијал, вклучувајќи ги и конвенционалните и нуклеарните ракети, за
да ги заштитат нивните сојузници Јужна Кореја и Јапонија.
Шерман, на заедничката прес-конференција во Токио со претставници на Јапонија и Јужна Кореја, посочи дека честото истрелување на балистички ракети во последните недели е провокација од Северна Кореја, пренесува АП.
– Ја повикуваме Северна Кореја да се воздржи од понатамошни провокации – рече Шерман, нарекувајќи ги постапките на Пјонгјанг „непромислени и длабоко дестабилизирачки за регионот“, пренесе Ројтерс.
Првиот заменик-министер за надворешни работи на Јужна Кореја, Чо Хјун-Донг, рече дека претставниците на трите земји се согласиле дека ќе бидат потребни нови акции доколку Северна Кореја продолжи со својата нуклеарна проба.
Оваа година Северна Кореја истрела повеќе од дваесет балистички ракети, вклучувајќи ја и онаа што ја прелета Јапонија, потсетува британската агенција.
ФОТО: EPA