Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЌЕ ГО ИНФОРМИРАМЕ ПУТИН, НИ ТРЕБА НЕГОВО ОДОБРУВАЊЕ“: Макрон откри што ќе бара од претседателот на Русија

„ЌЕ ГО ИНФОРМИРАМЕ ПУТИН, НИ ТРЕБА НЕГОВО ОДОБРУВАЊЕ“: Макрон откри што ќе бара од претседателот на Русија

Францускиот претседател Емануел Макрон ја разгледува можноста за распоредување француски сили за да помогнат во евакуацијата на цивилите од Мариупол, град кој со денови е под опсада и во тешка хуманитарна криза. Француските сили треба да учествуваат во евакуацијата на околу 100.000 цивили.

Во наредните денови се очекува францускиот претседател да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин за да го убеди да ја одобри спасувачката операција. Макрон во петокот изјави дека тоа ќе биде заедничка акција со грчките и турските сили, што ќе биде прва операција на западните сили во Украина од почетокот на руската инвазија, пишува Дејли телеграф.

„Ќе започнеме голема хуманитарна операција во соработка со Турција и Грција за да ги евакуираме сите оние кои сакаат да го напуштат Мариупол“, рече Макрон по состанокот на европските лидери во Брисел. Тој одби да ги открие деталите за операцијата, но рече дека се се случува во соработка со украинскиот претседател Володимир Зеленски, па Путин ќе биде информиран за акцијата за 48 до 72 часа. Операцијата треба да започне за неколку дена.


Слично

Поврзани вести