Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ГИ ТЕСТИРААТ СИТЕ ЖИТЕЛИ: Градот Вухан ова ќе го направи за десет дена

ЌЕ ГИ ТЕСТИРААТ СИТЕ ЖИТЕЛИ: Градот Вухан ова ќе го направи за десет дена

Кинескиот град Вухан ќе ги тестира сите свои жители. 

Властите наредија тестирање на сите 11 милиони жители откако се појавија нови случаи на заразени со коронавирус. 

За да се реализира тестирањето ќе бидат потребни десет дена. Први ќе се тестираат ранливи групи и станбени комплекси.

Шест случаи на локално пренесување на вирусот се регистрирани на 10 и 11 мај и тоа кај лица кои веќе биле во карантин и не покажувале симптоми.

Бројот на починати е сè уште 4.633 и скоро еден месец помина без нови смртни случаи.

Градот беше епицентар на епидемијата во Кина.

Слично

Поврзани вести