Ќе ги продаде ли Лукоил рафинериите во Европа?
Лукоил сеуште не е донесена конечна одлука за продажба на рафинерии во Европа, сега тие се профитабилни, изјави првиот потпретседател на компанијата Владимир Некрасов, цитиран од агенциите.
„Сега е тешко да се зборува, бидејќи конечната одлука сеуште не е донесена. До денес фабриките се високорентабилни и одржуваат добри маргини. И денес тие се од корист. Години наназад тие беа силно бескорисни. Овој бизнис е сложен, затоа во компанијата не е донесена одлука“ - рекол тој.
Некрасов потсетува дека шефот на Лукоил Вагит Алекперов истакнал дека прашањето за евентуалната продажба ќе биде земено во предвид.
„Во моментов, рафинериите во Европа се силно профитабилни. Претседателот на компанијата изјави дека ќе се обрати со прашањето и тоа ќе биде добро разгледано - додаде Некрасов.
Некрасов исто така, рекол дека компанијата продолжува да води преговори за купување на мрежа бензински пумпи во Холандија и Белгија. „Преговорите одат бавно, но се водат. Нас цената ни одговара, но нив не“ - изјавил тој.
Во јуни Алекперов потенцирал дека притисокот, кој во моментов го вршат Власите на неколку европски земји на имотот на Лукоил, можат да ја принудат нафтената компанија да се откаже од нив на среден рок.
Тој изјавил дека компанијата се соочува со голем број сериозни предизвици, особено во Источна Европа. Особено, Алекперов ги напомена тековните спорови кои се одвиваат повеќе од една година во Романија. Според него, проблематичните активи, можат да бидат продавани во целост или делумно.
Потсетуваме дека Лукоил во 2013 година ја продаде рафинеријата во Одеса, а во август 2014 - бензинските пумпи во Украина. Во 2015 година Лукоил го продаде својот имот во Естонија, во 2016 година - во Литванија и Латвија.
