Ќе донесе ли ЕМА одлука за регистрација на Спутник V во ЕУ
Барање за регистрација на руската вакцина Спутник V во Европската Унија, уште пред крајот на јануари, односно на 29.јануари, поднел Рускиот фонд за директни инвестиции и оваа институција веќе има потврда дека барањето е примено, пренесува Спутник.
Сега се очекува Европската агенција за лекови да донесе одлука дали ќе ја регистрира Спутник V во ЕУ, особено откако експерти од рускиот производител, како и експерти од ЕМА имале заеднички консултации за вакцината.
Инаку, руската вакцина која е произведена уште во август лани, ја регистрираа повеќе земји и освен во Русија, со неа се имунизираат граќаните на Белорусија, Србија, Аргентина, Боливија, Алжир, Палестина, Венецуела, Парагвај и Туркменистан.
Слично
