ЌЕ ДОБИЕ ОТШТЕТА: Овчар од Италија поминал во затвор 32 години поради тројно убиство што не го извршил
Овчар од Италија поминал во затвор 32 години поради тројно убиство што не го извршил. Сега ќе добие отштета.
Тој е ослободен од затвор по повеќе од три децении за тројно убиство на островот Сардинија, дело кое не го сторил. Апелациониот суд во Рим синоќа го ослободи 58-годишниот Бениамино Зунчеду од сите обвиненија.
Претходно, друг суд го прогласи овчарот за виновен за убиство на тројца мажи и тоа сопственик на фарма, неговиот син и друг овчар во јануари 1991 година.
Ова е врз основа на сведочењето на уште еден човек кој бил тешко повреден во нападот. Прво велеше дека не го препознава напаѓачот, но потоа под притисок на полицијата ја смени изјавата. И во други земји во светот се случувало после долги години да се утврди дека одредено лице не го сторило кривичното дело за кое се товари.
