Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе добие ли контроверзниот Трамп судски налог?

Ќе добие ли контроверзниот Трамп судски налог?

Специјалниот советник Роберт Милер, кој ја предводи истрагата за можното руско мешање во претседателските избори во САД во 2016 година, предупреди дека на Трамп би можело да му биде испратен судски налог, за да се појави пред високата судска порота во рамки на истрагата, соопшти личниот адвокат на Трамп, Џон Дауд.

Милер го кажа ова уште во март, за време на разговорите со правниците на Трамп. Тој рече дека налогот ќе го принуди претседателот да се соочи со истражителите, објави Вашингтон пост.

Ова е прв пат специјалниот совет да ја покрене можноста за принудување на Трамп да сведочи. Засега не е јасно колку е реална можноста да му се врачи судска покана на Трамп, ниту е познато поради што точно би бил повикан да сведочи под заклетва.


Слично

Поврзани вести