Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе бидеме разочарани ако Србија воведе санкции, вели заменикот на Лавров

Ќе бидеме разочарани ако Србија воведе санкции, вели заменикот на Лавров

Русија стравува дека на крајот и Србија ќе воведе санкции против неа. Руските власти велат дека ако тоа се случи ќе бидат разочарани. 

„Ако Србија воведе санкции кон Русија ќе направи политичко харакири“, вели рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко. 

Тој  е убеден дека секоја влада која се води од националните интереси нема да врши политичко харакири со воведување санкции против неа, јави дописникот на МИА од Белград.

„Сите знаат за тажната состојба во енергетскиот сектор, дури и во сферата на прехранбената безбедност. Ова е токму резултат на санкциите кои ја влошија и онака критичната состојба како последица на пандемијата“, рече Грушко.

Тој порача дека сега страда Западот поради воведените санкции.  Деновиве српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ако не воведат санкции за Русија ќе бидат во неволја и дека сега се во најтешка ситуација во последните 23 години. Европската Унија(ЕУ) упати критики, но и закани кон Србија. Ги критикуваа за бројот на мигранти кои преку Србија доаѓаат во ЕУ, но споменаа и враќање на визите за српските граѓани и замрзнување на преговорите. 

Слично

Поврзани вести