„ЌЕ БИДЕ МИР“: Трамп оптимист за крај на војната меѓу Израел и Хамас
Претседателот на САД Доналд Трамп верува дека е постигнат договор за крај на војната меѓу Израел и Хамас.
„Изгледа дека имаме договор за Газа и ќе ве известиме. Мислам дека тоа е договор што ќе им овозможи на заложниците да се вратат. Тоа ќе биде договор што ќе ја заврши војната“, изјави Трамп пред новинарите додека ја напушташе Белата куќа.
„Ќе биде мир“, додаде тој, според Фокс њуз.
Трамп последните месеци цело време тврдеше дека договорот е блиску, но не е постигнат.
Израел тврди дека нема да ја запре војната додека не го порази Хамас целосно.
Американскиот претседател презентираше иницијатива од 21 точка за завршување на војната во Газа за време на состаноците со арапските лидери на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации претходно оваа недела.
