Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани убојни средства, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа, изјави денеска претставник на ОН, Пјер Лодамар.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), изјави на брифинг во Женева дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област, објави Ројтерс.

Тој рече дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства пронајдени во Газа, се предвидува дека, под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека обично има стапка на неуспех од 10 проценти, односно муниција не се активира. Зборуваме за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар.

Воената операција на Израел против Хамас во Газа го намали поголемиот дел од Појасот Газа, тесна, крајбрежна енклава од 2,3 милиони луѓе, во пустош, при што повеќето цивили се бездомници, без храна и се изложени на ризик од болести, забележува Ројтерс.


Судирите започнаа кога членовите на Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел на 7 октомври 20023 година и убија 1.200 луѓе, а киднапираа околу 250.

Во израелската воена офанзива врз Газа од 7 октомври, загинаа најмалку 34.305 Палестинци, додека 77.293 беа ранети.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести