Економија, финансии, бизнис

Контакт

„KitKat“ е новиот „Android 4.4“

„KitKat“ е новиот „Android 4.4“
„KitKat“ ќе се вика следната верзија на оперативниот систем „Android 4.4“. Оваа вест ја потврдија и од  компанијата „Google која на својата „web“ страна постави приказ за сите досегашни верзии на „Android“. Станува збор за следниве верзии на системот: „Cupcake“ (1,5), „Donut“ (1,6), „Eclair“ (2,0), „Froyo“ (2,2), „Gingerbread“ (2,3), „Honeycomb“ (3,0), „Ice Cream Sandwich“ (4,0) и „Jelly Bean“ (4,1-4,3). Секоја од верзиите е наречена според некоја слатка, а веќе однапред се знаеше дека најновата верзија ќе биде некоја слатка која почнува со буквата „К“. Се шпекулираше дека следната верзија ќе биде наречена по овошната пита од лимон, осносно „Key Lime Pie“. Но тоа не беше земено во предвид поради тоа што „Google“ во ноември минатата година оствари партнерство со „Nestlé“, најголемиот светски прехрамбен комбинат и сопственик на брендот „KitKat“. Според „BBC“ преку 50 милиони „KitKat“ чоколатца ќе ја промовираат „Android“ маскотата на 19 пазари во светот, вклучувајќи ги и Бразил, Русија, Индија и Јапонија.
Слично

Поврзани вести