Киргистан се приклучи кон Евроазиската унија
Спогодбата за пристапување на Киргистан кон Договорот за Евроазиската економска унија (ЕСИ) стапи во сила денес, пренесе белоруската новинска агенција BelTA, цитирајќи соопштение на Евроазиската економска комисија.
Киргистан е петта држава, која пристапила кон заедницата по Белорусија, Ерменија, Казахстан и Русија.
"Пристапот на Киргистан кон ЕСИ е резултат на сериозни заеднички интегративни напори. Во 2014 година, стратегиите за пристапување на Киргистан кон Евроазија како процес на интеграција беа применети што се олесни адаптацијата на економијата на земјата кон законодавството и практиките на ЕСИ. Конкретно, беше адресиран целиот пакет со прашања поврзани со модернизацијата на царината и нивната инфраструктура ", пишува комисијата.
Договорот за пристапување на Киргистан беше потпишан на состанокот на Врховниот евроазиски економски совет на 23 декември 2014 година.
Според соопштението на Евроазиската унија до медиумите бариерите за движење на стоки, услуги, капитал и работна сила се намалени за Киргистан, обезбедени се нови инвестициски можности, а пристапувањето ги засилува позициите на земјата во глобалната економска инфраструктура.
