Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кипарците на протест, бараат власта да тргне раце од нивните депозити

Кипарците на протест, бараат власта да тргне раце од нивните депозити

Со транспарентите „Не чепкајте ги нашите пари!“, „Не сакаме да плаќаме за туѓи грешки!„и „Не на Еврогрупата!“, неколку илјади претежно млади луѓе се собраа пред кипарскиот парламент протестирајќи против согласноста на власта да го прифати условот на Еврогрупата за воведување данок врз банкарските депозити.

Овој протест е одговор на антикризната програма која беше договорена на заседанието на Еврогрупата викендов, и која предвидува меѓудругото и принудно вовлекување во нејзиното финансирање на вложувачите во кипарски банки. Ваквата мерка предизвика голема загриженост меѓу кипарските граѓани, кои се почувстваа ограбени и измамени од владата, која до последен момент изјавуваше дека депозитите на граѓаните се заштитени. Ова се првите масовни демонстрации против обидот на властите да се раздолжат со пари на своите граѓани за грешките на банкарите и политичарите, забележуваат руските медиуми.

Слично

Поврзани вести