Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кипарските проблеми погубни за европските берзи

Кипарските проблеми погубни за европските берзи
Европските акции го зголемија своите загуби во денешната сесија поради ситуацијата во Кипар и обидот на Владата да ги оданочи депозитите во банките. Трговијата на берзата во Кипар денеска беше запрена за да се избегнат потенцијалните ризици за инвеститорите, соопшти „MarketWatch“. Берзата во Кипар ќе остане затворен најмалку до четврток, заедно со банките, кадешто се запрени сите банкарски трансакции за да не колабира финансискиот систем. Паневропскиот „Stoxx Europe 600“ се намали за 0,4% до 295 поени. Во Германија DAX 30 се намали за 0,78% до 7 948 поени, во Велика Британија FTSE 100 изгуби 0.26% до 6 441 поени, а во Франција CAC 40 забележа пад од 1,29% до 3 776 поени. Денеска Парламентот на Кипар го одложи гласањето на законот за воведување на данок на депозитите. Претстои средба на претседателот на државата Никос Анастасиадис со лидерите на парламентарните партии, на која ќе бидат разгледани "достапните планови за решавање на ситуацијата". Според последните објави, парламентот треба да го разгледа предлогот за нулта данок на депозитите до 20 000 евра, 6,75% на депозитите меѓу 20 000 и 100 000 евра и 9,9% на депозитите над 100 000 евра. Целта е Кипар да собере 5,8 милијарди евра од штедачите кои ќе се употребат за финансиската стабилизација. Тоа е и еден од условите за деблокирање на спасувачкиот кредит од европсите партнери . Самиот Анастасиадис веќе изрази недоверба дека предлогот ќе биде одобрен, бидејќи во 58-члениот парламент, од неговата партија има само 20 пратеници. Русија реагираше остро на вестите од Кипар поради силното присуство на руски граѓани на островот. Денес се појавија и гласини дека властите на земјата размислуваат зааваријанта, со која ќе ги исклучат од оданочување депозитите на руските граѓани, за да не дојде до колапс на банкарскиот систем поради одливот на штедачи.
Слично

Поврзани вести