Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кипарскиот Парламент ја проверува листата на Кипарци со странски сметки

Кипарскиот Парламент ја проверува листата на Кипарци со странски сметки
Парламентот на Република Кипар ја проверува листата на Кипарци, со банкарски сметки во странство, пишува весникот „Филелефтерос“.

Парламентарната Комисија за финансиска контрола побарала писмено од министерот за финансии да и даде список со имиња на лица, кои поседуваат сметки во банки во Швајцарија, како и листа на сите Кипарци, кои имаат сметки во странство. Под лупа ќе бидат ставени сметки во износ од сто милиони евра.

Неодамна во печатот се појави листа со имиња на 134 кипарски Грци, кои поседуваат офшор сметки во филијала на британсакта банка Ејч-Би-Си, на островот Џерси, за кои постои сомневање дека се поврзани со корупција и затајување на данок.  
Слично

Поврзани вести