Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кипарскиот Парламент ги усвои мерките за штедење

Кипарскиот Парламент ги усвои мерките за штедење

Кипарскиот Парламент со само два гласа повеќе го усвои Меморандумот со рестриктивни мерки и кредитниот Договор за обезбедување финансиска помош за државата, склучен меѓу Владата во Никозија и „тројката“ меѓународни кредитори од ЕУ, ЕЦБ и ММФ.

„За“ усвојување на документите гласаа 29 пратеници, а 27 се изјаснија „против“.На гласањето му претходеа жестоки дебати и протести пред зградата на Парламентот.

Најважните закони каде имаше и најжестока расправа беа тие за зголемување на даноците и таксите, а како најпроблематичен беше данокот за недвижен имот.парламент на земјата. Нацрт-законот беше усвоен со гласовите на претставниците на коалицијата предводена од претседателот на државата Никос Анастасиадис . Согласно новините отсега ќе се плаќа данок на секој имот, но сопствениците кои имаат само едно живеалиште ќе добијат олеснувања. За  куќа или парцели на вредност помеѓу 40 000 евра и 120 000 евра ќе се плаќа 0,6% од нивната вредност, т.е. не повеќе од 720 евра. Максималниот данок за недвижен имот во вредност меѓу 170 000 евра и 300 000 евра ќе достигне 2 785 евра, а за оние помеѓу 300 000 и 500 000 евра - 5 385 евра. Сопствениците на недвижен имот во вредност од над 3 милиони евра ќе плаќаат 54 944 евра. Со новиот закон надлежните планираат да соберат околу 75 милиони евра. Пратениците едногласно го усвоија законот за намалување на платите и пензиите во државниот сектор. Износите до 100 евра се намалуваат за 0,8%, оние од 1 000 до 1 500 евра - за 7,3%, од 2 000 до 3 000 евра за 10,5%, од 3 000 до 4 000 евра  за 13%, а платите и пензиите во вредност од над 4 000 евра ќе бидат помали за 14,5%. Исто така едногласно беше усвоен и Законот за бесплатна медицинска помош за оние кои во текот на 3 години ги платиле сите придонеси во Фондот за социјално осигурување.
Слично

Поврзани вести