Кипарскиот министер за финансии си даде оставка
Денеска кипарскиот министер за финансии Михалис Сарис поднесе неотповиклива оставка. Притоа тој изјави дека се повлекува од високата функција за да и помогне на комисијата која ќе ги истражува причините за кризата во земјата.
Според најавите, новата комисија е формирана за да го истражува периодот во кој досегашниот министер за финансии беше на чело на Кипарската народна банка. бо овој периот островската држава се најде на раб пред банкрот, поради што е принудена да воведе строги мерки за штедење во замена за меѓународната помош од 10 милијарди евра.
Слично
