Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кипар задоцни! – Требаше да аплицира за европската спасувачка програма во 2011 година

Кипар задоцни! – Требаше да аплицира за европската спасувачка програма во 2011 година

За да ги избегне тешките услови за банкарски депозити во замена за помош, Кипар требаше да аплицира за европската спасувачка програма во 2011 година, рече гувернерот на кипарската централна банка, цитиран од „Франс прес“.

Пред специјалната комисија што ги истражува причините за кризата на островот, Димитриадис изјавил дека задоцнетото барање на помошта од европскиот механизам за поддршка било катастрофално за економијата на земјата.

Првиот банкар на островот уште кажа дека можело да се спречи побараната  „поддршка“ на депозитите од кредиторите, доколку кабинетот Христофиас ја потпишел спогодбата, предложена од „тројката“ (ЕУ, ЕЦБ и ММФ), што се случи многу подоцна.

Паникос Димитриадис упати тешки обвиненија врз претходната влада на претседателот Димитрис Христофиас.Според Паникос Димитријадис, Кипар можеше да си обезбеди добри услови, ако аплицираше за спасувачки кредит, а по намалувањето на грчкиот долг во 2011 година, што ги чинеше кипарските банки 4,5 милијарди евра.

„Барањето требаше да биде поднесено кон крајот на 2011 година или во почетокот на 2012 година, бидејќи беше очигледно дека банките не можат да го обезбедат бараниот капитал и има нестабилност во кипарската економија“, објаснил Димитријадис.

Задоцнетото барање помош доведе до истекување средства од банките, објасни тој.

Според него, одлуката за доделување на помошта, донесена од европските партнери на Кипар, била политичка.

Тој на распитот пред комисијата уште го обвини и својот претходник на функцијата во централната банка, Атанасиос Орфанидис.

Слично

Поврзани вести