Кипар воведе лимит од 5 илјади евра за трансакциите со странство
Нема ограничувања за трансакциите со дебитни и кредитни картички што се вршат во земјата, соопшти Кипарската централна банка. Оттаму велат дека има лимит од 5 илјади евра за трансакциите со кредитни и дебитни картички во странство, но нема такви ограничувања врз внатрешните трансакции и парични трансфери.
По 12 дена клуч, вчера се отворија кипарските банки, но поради страв од одлевање на парите беа воведени повеќе ограничувања.
Во понеделникот островската држава издејствува десет милијарди евра финансиска помош од меѓународните кредитори, со цел да не дојде до крах на банкарскиот сектор, кој долго доминираше во економијата на Кипар.
Слично
