Кипар во потрага по пари го дава гасот од јужното крајбрежје
Кипар и конзорциумот ЕНИ-Когас денеска потпишаа договор за испитување на природен гас во реонот на јужното крајбрежје на островот. Конзорциумот всушност го сочинуваат италијанската компанија ЕНИ и јужнокорејската Когас.
Притоа се дозволува да се врши испитување во три од вкупно 12 блокови. ЕНИ-Когас ќе истражува гас на блоковите два, три и девет, на вкупна површина од 12.530 километри квадратни. Американската компанија „Нобл енерџи“ минатата година почна да бара гас во блокот 12, кој е во близина на огромното израелско наоѓалиште за гас, а Кипар води преговори и со француската фирма Тотал за другите блокови. Никозија преговара и со Израел за експлоатација на наоѓалиштата со гас.
Зделката чини 150 милиони евра и средствата ќе се слеат во државната каса, соопшти кипарскиот министер за трговија, Неоклис Силикиотис.
Слично
