Кипар во очекување на меѓународната „тројка“
Тројката меѓународини кредитори( ММФ, ЕЦБ и ЕУ) денеска патува за Кипар, по две недели најави и очекувања, со цел да ја склучат спогодбата за доделување на кредит за спас на земјата од кризата.
Преговорите почнуваат утре.
„Наша цел е постигнување на спогодбата што е можно поскоро, но тоа не зависи само од нас“, изјави владиниот портпарол Стефанос Стефану.
Кипарските власти се надеваат дека договорот за кредитит ќе биде потпишан пред следното заседание на Еврогрупата, на 12 ноември. Финансиската помош која Кипар треба да ја добие од меѓународните кредитори може да надмине 10 милијарди евра.
Слично
