Кипар во акција да ги привлече богатите Руси
Кипар сака да го спречи бегството на капиталот и да ги задржи инвестициите на богатите странци, кои се главно од Русија и Кина.
Кипарските власти планираат серија мерки, од кои едната е обезбедување на кипарско државјанство на имателите на влогови во двете најголеми банки на островот, кои ќе загубат најмалку три милиони евра поради претстојната реконструкција, пишува германскиот весник “Франкфуртер рундшау“.
Според експертите добивањето на кипарски пасош е атрактивна опција за граѓаните на земјите надвор од ЕУ, како што се Русија, Украина или Кина. Само во регионот на Лимасол живеат околу 30.000 Руси. Затоа често градот со околу 150.000 жители е нарекуван “Лимасолград“.
Сепак се поголем е е и интересот на Кинезите кон инвестициите во Кипар.
Слично
