Кипар укинува дел банкарските ограничувања за своите жители
Кипарските власти ги укинаа ограничувањата за повлекување готовина и банкарски трансфери за клиентите на 16 странски банки, кои живеат на островот, соопштија американските медиуми.
Министерството за финансии изјави дека тоа се однесува и за жители на Кипар, кои имале сметки во соодветните банки пред воведувањето на ограничувањата за странските кредитни институции во земјата на 25 април.
Пред денешниот декрет само корисниците кои не живеат постојано во Кипар, можеа да ги искористат неограничените услуги од овие банки.
Кипар планираше со рестрикциите, вклучувајќи го ја и максималната сума за повлекување најмногу 300 евра на ден од сите банки, да спречи масовно истекување на средства по договарањето на спасувачкиот пакет во износ од 23 милијарди евра од партнерите од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) .
Истовремено финансиските министри на земјите од еврозоната одбија да направат промени во спасувачката програма за Кипар, како што тоа го побара неодамна претседателот Никос Анастисиадис.
Проблемите во Кипар не се предизвикани од спасувачката програма, а тешкотии финансиски сектор, изјави денеска холандскиот министер за финансии Јерун Деселблум.
Слично
