Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кипар -„системски ризик“ по еврозоната

Кипар -„системски ризик“ по еврозоната

Шефот на Еврогрупата Јерун Дајселблум изјави дека кипарската должничка криза претставува системски ризик кој се заканува да ја загрози целата еврозона.

Дајселблум се огласи за време на заседанието на Европскиот парламент, наведувајќи дека на кипарскиот банкарски модел му е потребна целокупна реорганизација.

- Актуелната ситуација на Кипар дефинитовно претставува системски ризик, порача Дајселблум.

Европската централна банка предупреди денеска дека пред отворањето на кипарските банки во вторник, би можела да ги укине средствата за кипарскиот банкарски систем.

Од друга страна пак кипарската берза објави дека ќе остане затворена во следните два дена.

Раководството на берзата соопшти дека мерката е преземена поради одлуката на Централната банка на Кипар да го намали трошењето средства на банките во моментот со цел да се спречи истекување на капиталот од островот.

Слично

Поврзани вести