Кипар пред банкрот?
Постои реална и нарасната опасност Кипар да западне во инсолвентност за својот долг, особено ако еврозоната и Меѓународниот монетерен фонд не и доделат помош, денеска соопшти рејтинг агенцијата „Стандард и Пурс“.
-Гледаме веројатност во 2013 година уште еднаш до три пати до го намалиме суверениот рејтинг на Кипар, на пример, доколку земјата не добие официјална финансиска помош од Европскиот стабилизациски механизам или од ММФ, оставајќи им на кипарските власти мали можности за преструктурирање на своите финансиски обврски“, посочува еден од директорите на рејтинг агенцијата во извештај.
-Би можеле да да го намалиме рејтингот и ако процениме дека властите не се способни да ги исполнат условите, додадени кон програмата за официјална помош“, се дополнува во извештајот.
Во моментов „Стандард и Пурс“ рејтингот на Кипар го оценуваат со „ССС+“ (латински букви), со негативна перспектива.
